24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Беса: ВМРО-ДУИ можат да формираат коалиција, но во опозиција

„Слушнав дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, рече дека не го исклучува Движењето Беса како опција за формирање коалиција после изборите. Прво, ВМРО-ДПМНЕ со овој менталитет може само да сонува дека може да има мандат за формирање влада. Едноставно е истата реторика како оние што имаат „соништа“, бидејќи единствените партии кои не се менуваат во концепт и дејствување се поранешниот режим ВМРО-ДУИ и тие се единствените што можат да формираат коалиција, но овој пат во опозиција“, порача Кастриот Реџепи, потпретседател на Движењето Беса.

Според него, Движењето БЕСА е убедено во победата на 15 јули, обезбедувајќи целосен мандат и оставајќи го претходниот режим во опозиција.

„Коалицијата ‘Можеме’ е концепт на напредок, развој и заложба за обезбедување подобра иднина за граѓаните на Северна Македонија“, додава тој.