24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Димитров: Ќе работиме, покажавме дека можеме да надминеме пречки штитејќи го најважното, идентитетските прашања

„Оттогаш до пресвртот од 180 степени и новата влада јули 2017 година ние меѓудругото успеавме да не нарече ЕК заробена држава и дури и да најави позитивна препорака да не ја даде и во таа смисла можеби вие го имате тој луксуз да не се радувате еве на тие исчекори на патот напред меѓутоа таа оставштина еве Законот за ЈО што беше крупно барање на неколку земји членки едвај го донесовме и покрај борбата на опозицијата да не се донесе. Бугарија не беше во заклучоците туку ја даде унилатералната изјава прикачена во записникот од состанокот и мислам дека треба прецизно да се изразуваме.“, рече Никола Димитров од СДСМ на ТВ 24.

„Ќе работиме, покажавме дека можеме да надминеме пречки штитејќи го најважното, идентитетските прашања. Бугарија многу вложи во нашата европска иднина и мислам дека процесот што го почнавме со договорот за пријателство каде што нема воопшто правна основа за овој тип на предизици ќе го направиме заедно.“, рече Димитров.

„ Речиси сите основи каде Владата може да склучува меѓународни договори во име на републиката се присутни во преспанскиот договор. Второ преспанскиот договор се разбира дека е ратификуван во согласност со Уставот, за него гласаа подоцна и со уставните измени 2/3 од пратениците во Собранието а го поддржаа близу 610 000 граѓани. Такво политичко мнозинство било која политичка опција на сегашниве избори да добие ќе може сама да формира Влада. Да биде успешен тој референдум а никаде не вели дека треба да има референдум за да може ова да се направи и да се случи преспанскиот и да се усвојат уставните амандмани нас ни фалеа против затоа што тогаш некој реши и се пресмета дека гласовите против ќе бидат помалку од гласовите за..“, вели Димитров.