Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пронајдени 17 мигранти на патот Струмица -Штип

Седумнаесет мигранти биле пронајдени на магистралниот пат Струмица – Штип, а во нивна близина било пронајдено возило.

Според информациите на МВР, вчера во 21 часот под надвозникот, кај клучката за Радовиш, од полициски службеници биле пронајдени 17 мигранти, од кои двајца од Пакистан, еден од Сомалија, пет од Иран и девет од Авганистан.

Во близина од надвозникот, покрај патот за Радовиш, било пронајдено и патничко возило „рено лагуна“, со тетовски регистарски ознаки, за кое пронајдените мигранти изјавиле дека биле истоварени од него.

По наредба на јавен обвинител мигрантите се предадени во Привремениот транзитен центар Винојуг-Гевгелија за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

ПОЛИЦИСКА ОФАНЗИВА НИЗ СКОПЈЕ: Со лисици на рацете завршија 12 лица, серија апсења на повеќе локации во Скопје и други градови

ДЕСК

СДСМ ја претставува програмата: Идризово, 2026 година!

ДЕСК

АХВ започна со втората овогодинешна кампања за орална вакцинација на лисиците и дивите карнивози против болеста беснило

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.