25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Наќе Чулев во Битола делеше отворени маски

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев вчера беше во работна посета на СВР Битола, каде што, како што соопштија од МВР, бил запознаен со мерките и активностите што се преземаат за справувањето со пандемијата од коронавирусот.

По посетата на СВР Битола, Чулев продолжи со организирано делење на заштитни маски на Широк Сокак.

Она што е загрижувачко, е што маските кои ги делеше беа претходно отворени и истите беа делени без носење на заштитни ракавици. Ова значи дека поделените маски беа нестерилни и потенцијално опасни за граѓаните кои ги добија.

Ваквото однесување е недозволиво. Во услови на глобална пандемија каде сите треба да се максимално заштитени, недозволиво е оној кој треба да ги штити граѓаните и нивното здравје, да ги загрозува со неодговорни постапки и невнимателно ракување со заштитната опрема.

Наќе Чулев, за жал, со своите неодговорни постапки, потфрли и во овој обид да привлече граѓани. После неговите скандалозни изјави дека нема да казнува верници и нема да влегува во домовите на луѓето за да ги казни непочитувачите на мерките за заштита од Ковид-19, Наќе Чулев уште еднаш покажува дека неговиот несериозен пристап кон функцијата го доведува во опасност здравјето на граѓаните.