23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ДУИ: Доаѓа крајот на етничкиот македонски монопол врз власта

Во минатото имаше само две опции за тоа кој ќе биде следниот премиер на Северна Македонија, но сега првпат во нашата историја, ќе биде поинаку и ќе има поширок избор, велат од Демократската унија за интеграција во врска со нивниот предлог за премиер Албанец.

„Овој пат граѓаните имаат три опции: двајца кандидати Македонци од македонските партии или првпат во историјата еден кандидат Албанец за премиер на нашата земја, претседател на влада, кој ќе ги претставува не само македонските партии туку премиер што ќе ги претставува и Албанците граѓани и сите други во нашата земја, без разлика на нивната етничка припадност“, наведуваат од партијата, од каде што додаваат дека треба да му се стави крај на етничкиот македонски монопол врз моќта.

„Ако зборуваме за едно општество, тогаш е време за еднаква распределба на моќта и можностите“, потенцираат од ДУИ.

Од партијата на Али Ахмети посочуваат и дека албанскиот глас секогаш бил пресуден за политиката во земјата.

„На последните избори во 2016 година ние Албанците ја донесовме промената и го избравме Зоран Заев за премиер иако граѓаните на тие избори гласаа и одлучија поинаку, а тој беше втор на тие избори. Овој пат албанскиот глас исто така ќе биде пресуден. Но, овој пат, ние Албанците, сите заедно, по изборите, ќе поддржиме наш кандидат за прв Албанец премиер на земјата“, порачуваат од ДУИ.