Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Полицијата привела двајца малолетници кои сакале незаконски да ја преминат македонско-грчката граница

На 07.05.2020 во 18.30 часот во реонот на с.Живојно, од патролен тим од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Меџитлија, четири лица биле откриени и спречени во обид илегално да ја преминат државната граница од Р.С.Македонија во Р.Грција. Поради непоседување документи за идентификација, тие биле приведени во полициска станица, при што бил утврден нивниот идентитет, односно станувало збор за A.Х.(43), E.T.(21), и двајца малолетници на возраст од 16 и 17 години од Р.Албанија.

Со наведеното дејствие тие сториле прекршок по член 9 став 1, а казниво по член 68 ст.1 т.1 од Законот за гранична контрола. Од страна на Одделението за прекуграничен криминал, миграција, странци и реадмисија – Битола им било издадено решение за протерување на странец од Р.С.Македонија.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕСВРТОТ КОЈ СИТЕ ГО ОЧЕКУВАМЕ ДОАЃА, ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЌЕ ПАДНАТ И ДО 10 СТЕПЕНИ – Метеоцентар за дождовите и грмежите и доаѓањето на посвежо време, детална прогноза

ДЕСК

Демант: Не е вистина дека гори брод во Охридското езеро, станува збор за вежба на МВР

ДЕСК

АПЕЛ ОД СВР СТРУМИЦА: Доколку се наоѓате во струмичката населба Софилар веднаш напуштете го тоа подрачје – настанат е пожар

ДЕСК