12. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Убиство во Арачиново: Ова се првичните детали

Жена на возраст од 36 години е убиена во семејниот дом од страна на нејзиниот сопруг. Во попладневните часови случајот бил пријавен во полиција, а сторителот e приведен, пренесува „24 Инфо“.

Засега е непознато која е причината за крвавиот настан во Арачиново.

„Во 12:45 во ПО Арачиново било пријавено дека А.Н. (1980) ја усмртил својата сопруга Б.Н. (1984) во нивниот семеен дом. Сторителот е приведен“, велат од МВР.

По увидот од страна на полицијата, ќе биде познато на кој начин и со што е извршено убиството.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Упорно бараме декласификација на материјалите

C +

Филипче: После 10 дена пожар во Вардариште и неколку дена во Дрисла граѓаните практично се гушат

C +

Филипче: Жалам што вчера премиерот кажа дека нема намера да се интервенира во цените на производите

C +