Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 05:30 часот во СВР Велес било пријавено дека во семејна куќа на ул. „Петар Михов“ во Велес бил пронајден починат 40-годишниот Т.К., без траги на насилство.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.