25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Град Скопје ќе испрати хуманитарна помош за Загреб

Градот Скопје како град на солидарноста и како збратимен град со Загреб ќе испрати хуманитарна помош по големите земјотреси коишто деновиве го погодија главниот град на Хрватска и предизвикаа голема материјална штета.

Одлуката за хуманитарна помош, која е во износ од 50 илјади евра, ја потпиша градоначалникот Шилегов. Градоначалникот Шилегов телефонски разговараше со својот загрепски колега Бандиќ и, со оглед на околностите, затворените граници и вонредната состојба насекаде во светот, договорија помошта, која вообичаено се состои од материјали и луѓе за помош при катастрофи, овој пат да биде симболична финансиска сума.

Во понеделникот во утринските часови Загреб беше погоден од серија земјотреси, во кои има починати и повредени лица, а предизвикана е и поголема материјална штета во која се евидентирани над 5.500 оштетени објекти.

Скопје и Загреб се збратимени градови од 2011 година и досега имаа соработка во областа на образованието, спортот, сообраќајот и културата.