27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

И приватните болници ќе го помагаат јавното здравство за време на коронавирус кризата

На вечерашната владина седница е донесена и Уредбата со законска сила за примена на Законот за здравствената заштита за време на вонредна состојба, со која приватните здравствени установи надвор од мрежата на здравствени установи кои вршат дејност за интензивна нега и терапија, ќе ја вршат оваа дејност во мрежата на здравствени установи за укажување на здравствени услуги на пациенти заболени од заразната болест Коронавирус COVID-19.

Фондот за здравственото осигурување на Република Северна Македонија ќе склучи договори со овие институции со кој ќе се утврдат обемот и видот на здравствените услуги кои приватната здравствената установа ќе ги врши во периодот на важењето на оваа уредба, согласно прописите од областа на задолжителното здравствено осигурување.