Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по влажни коловози, информира АМСМ. Врнежи од снег има на Стража, Пресека, Маврово, Попова Шапка, Плетвар, Кула и Крива Паланка – г. п. Деве Баир.
Поради појава на магла, видливоста на планинскиот премин Ѓавато е намалена на 20 -50 метри.
За македонски државјани се затворени сите гранични премини за излез од државата. Затворени се сите гранични премини за влез во државата за странски државјани, патници и возила, освен за транзит на товарни возила, за претставници на дипломатскиот кор и тие коишто ќе добијат соодветна дозвола од страна на МВР, а по претходно добиено мислење од страна на главниот координативен штаб.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.