23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Димитров: Давкова се залага за наказнивост на партијата која не пикна во калта

Носителката на изборната листа на ВМРО ДПМНЕ во единицата, Гордана Сиљановска Давкова се става во улога на политиката која промовира неказнивост за кривичните дела, е оценката на Никола Димитров, носител на листата во истата единица, од коалицијата „Можеме“. Тој ја коментираше и погубната политика на ВМРО ДПМНЕ во врска со европските интеграции на државата, односно нивните обиди за изолација на Северна Македонија.

„Мотото кога професорката Давкова беше кандидат за претседател и беше „Правда за Македонија“. Има едно посебно упатство да се читаат соопштенијата од големата опозициска партија, често кога се вели Македонија мислат на партијата, а кога зборат за правда мислат на неказнивост, тоа го видовме со носењето на Законот за Јавно обвинителство. Тоа мото тогаш беше со значење неказнивост за партијата. Се ќе направат да нема казни. Тие, што направија каша од аспирациите на државата, од сонот на граѓаните, кои што не пикнаа во калта, ја изгубија препораката од ЕУ… Нивниот лидер вели дека не се согласува со оценката на Европската Комисија објавена во Извештајот од втори март. Тоа е како да чекаме тие што ќе ја запалат куќата потоа да ја изгаснат. Затоа ова е како во друга реалност. Ја изгубија препораката па таа стана условена, па потоа стана „ако се поправат ке дадеме“… Во ходници не се зборуваше за европските аспирации за да додјеме до тоа дека утрината ми пиша холандскиот министер за надворешни работи, на една од најстриктините држави. Тие ќе имаат дебата околу нашата кандидатура и на нашиот сосед Албанија. Ми вели во пораката дека испратиле писмо со став дека нивната влада целосно се сложува со оценката на ЕУ и дека имаме одржливи и реформски резултати. Ова не е само од Холандија, туку од цела Европа. ВМРО ДПМНЕ кога зборуваат за Европа, може мислат на друга Европа. Оние каде што сакаме да бидеме членови ни велат браво, испорачавте реформи, а нашата опозиција вели не е така. Се надевам дека на следниот политички мегдан ќе имаме натпревар на политики. Оваа година го немаме тој луксуз.“- ја оцени Димитров кандидатурата на Давкова и поразите кои ги има државата кога ВМРО ДПМНЕ управува со неа.