Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски во гостувањето на Утрински Брифинг зборуваше и за тоа дека откако Владата предводена од СДСМ првично се посвети на решавањето на стратешките прашања кои ја држеа заглавена државата со децении, како Договорот од Преспа и договорот за добрососедство кои пак ни го донесоа членството во НАТО, време е да се посветиме на решавање и вложување во внатрешните прашања.
Тој зборуваше за петте столба на кои е поставена програмата со која СДСМ настапува на овие избори. Економијата на прво место, при што СДСМ се залага за отворање на нови 100.000 работни места, минимална плата до 300 евра и просечна од 600 евра.
Кога можевме за 2.5 години да отвориме над 67.000 реални работни места , за цел мандат можеме и повеќе и подобро односно 100.000 нови работни реални места.-истакна Николовски.
Тој ја посочи зголемената поддршка на домашните компании и од страна на државата преку бројни мерки и реформи кои се направија , но и европските фондови кои ни се достапни.
Ако ги скратиме сите трошоци и се насочиме кон вистинските потреби на граѓаните, а не на споменици, реклами и патни трошоци и привилегии на функционери ,можеме да обезбедиме и повисоки плати , пензии, субвенции .
Тој посочи и дека минатите 2.5 години зголемените пензии се без ниту едно евро задолжување , затоа смета дека ќе може да се обезбеди раст на пензиите за 21 % за следниот мандат.
Истовремено се вложува во инфраструктурата. Училишта патишта, водовод, канализации.
Клучно беше да се решат стратешките цели и историските прашања. Сега на ред се ред дисциплина, правда и првичност и секој да одговара за стореното.-истакна Николовски.
Институциите како УЈП и Антикорупциската комисија ќе си ги превземат сите постапки , ќе се искористат сите законски решенија и мора да се обезбеди целосно прочистување на судството и обвинителството. Испораката на правда е една од позначајните приоритети кои треба да се испорачаат пред граѓаните.-посочи Николовски.