23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Апсење во Скопје и Тетово- приведени осум лица

Во текот на изминатото деноноќие македонската полиција на неколку различни локации уапси осум лица поради нелегално поседување на марихуана.

„На 09.03.2020 во 19.40 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Г.Б.(24) од Скопје, затоа што при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 10.03.2020 во 00.05 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Натанаил Кучевишки“ го лишиле од слобода С.И.(30) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 09.03.2020 во 15.35 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Полог“ го лишиле од слобода Ж.Ј.(20) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 09.03.2020 во 12.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Бит пазар го лишиле од слобода А.М.(34) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 09.03.2020 во 14.10 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Ѓорче Петров го лишиле од слобода А.К.(26) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 09.03.2020 во 12.45 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Тодор Александров“ го лишиле од слобода З.Н.(31) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 09.03.2020 во 22.45 часот, полициски службеници од СВР Скопје во с.Ново Село го лишиле од слобода Н.Т.(26) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 09.03.2020 околу 20.20 часот на ул.„Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода М.З.(46) од тетовска Мала Речица и Р.З.(40) од струшко Ладориште, затоа што при преглед кај нив била пронајдена марихуана.

Двајцата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок“ стои во полицискиот извашета.