23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Додевски: СДСМ за само 2,5 години правата на лицата со попреченост ги издигна на ниво на висок приоритет, продолжуваме заедно

Прес-конференција, Спасе Додевски од СДСМ

 

СДСМ, за само 2,5 години ги актуелизираше и ги издигна на ниво на приоритет, правата на лицата со попреченост, кои 11 години беа заборавени и маргинализирани.

Иако уште во 2011 година беше потпишана Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост, ВМРО-ДПМНЕ не спроведе ништо од препораките.

Сега здруженијата на лицата со попреченост имаат интензивна соработка и партнерство со владата на СДСМ и претседателот Зоран Заев за заедничко креирање и реализација на мерките.

СДСМ веднаш по доаѓањето на власт покажа дека правата на лицата со попреченост му се меѓу приоритетите :

– Назначивме советник за образование, здравствена заштита, социјална заштита и институционален систем за лицата со попреченост, како и Национален координатор на владиното координативно тело за спроведување на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост.

– за прв пат усвоивме Акциски План за организирано спроведување на препораките од Конвенцијата.

– Реализираме и координираме системски поддржана инклузија за учениците со попреченост во редовното образование.

– За прв пат воведовме персонални и образовни асистенти, кои ги финансира државата.

– Воведовме мерка, 50% скратено работно време за родител на дете со попреченост, каде за 4 часовно работно време 1/2 плата дава работната организација, а 1/2 плата дава државата.

– Ги трансформиравме старите „хорор“ институции за деца без родители и за деца со нарушување во однесувањето, во топли мали групни домови со 24 часовна грижа.

– Донесовме нов Закон за социјална заштита, во кој сите материјални права неколкукратно се зголемуваат, а се воведуваат и нови услуги.

– Координираме и имплементираме нов модел за функционална проценка на лицата со попреченост според Меѓународната класификација на функционалноста (МКФ).

– Невработените лица со попреченост се вклучени во програмата за самовработување каде државата дава грант од 5.000 до 10.000 € за отворање сопствен бизнис.

– Го координиравме нацрт-текстот на претстојниот Закон за градење, во кој и физичката пристапност на новите градби ја предвидовме во елементарни стандарди на градбите.

– Координиравме и обезбедивме нови ортопедски помагала во вредност од 36.000.000 денари, кои досега не беа на листата на ФЗОМ.

– Инициравме и координираме низа мерки за пристап на лицата со оштетен вид до литература и компјутер, преку софтвер за синтеза на говор и аудио-литература, а за лицата со штетен слух ја инициравме и координиравме првата театарска претстава со целосна поддршка на знаковен јазик.

– Ја креиравме и промовиравме Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост на брајово писмо и аудио-формат за лицата со оштетен вид и во аудио-визуелен формат и знаковен говор за лицата со оштетен слух.

Почитувани,

продолжуваме со унапредување на правата на лицата со попреченост.

– Со новата програма, во 2021 година ги зголемуваме додатоците за сите права за попреченост за 15%.

– Ја намалуваме границата за користење на правото за попреченост од 26 на 18 години.

– До 2024 година нема да има ниту една физички непристапна јавна институција во државата.

– Градиме 777 државни станови, кои меѓу останатите, ќе бидат наменети и за лицата со попреченост

Граѓаните знаат дека градиме фер и праведно општество кое се темели на принципи за еднаква грижа за сите, и затоа не очекува голема победа на изборите на 12 април.