Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Грипот усмрти 14 илјади луѓе во САД, лекарите стравуваат од втор бран

Во САД во првиот бран од сезонскиот грип заболеа 26 милиони луѓе, а 14.000 починаа. Американските здравствени работници се подготвуваат за втор бран на сезонскиот грип во комплицирана ситуација бидејќи постојат многу сличности меѓу обичниот грип и коронавирусот.

Првиот бран на грипот инфлуенца Б имаше кулминација во декември минатата година, па почна да опаѓа, покажуваат податоците од Центарот за превенција и контрола на болести.

Истите податоци покажуваат дека вториот бран на грипот почнал на крајот на јануари и дека се работи за инфлуенца А, која е слична на свинскиот грип.
Иако во САД има само 15 потврдени случаи на заболени од коронавирусот, надлежните се загрижени дека вирусот може да се прошири и дека на почетокот може да личи на сезонски грип.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Предавникот Мицкоски ја претвора Македонија во мигрантски камп, за пари!

ДЕСК

Голема промена на времето! Од утре дожд, па сонце и високи температури!

ДЕСК

СДСМ вечерва се огласи на фејсбук: Утре следува нова бомба за корупциска шема на власта, работата не е завршена

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.