1. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тројца повредени во судир на три возила на патот Струмица-Ново Село

На магистралниот пат Струмица – Ново Село, кај „Робовска крстосница“, вчера се случила сообраќајна незгода помеѓу три возила – „тојота авенсис“, „шевролет матиз“ и „рено твинго“. Во несреќата повредени се тројцата возачи.

Со тешки телесни повреди се здобил В.А. и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош, додека со телесни повреди се здобиле Ѓ.С. и К.Ѓ..

Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица. За време на увидот од 08.00 до 12.00 часот собраќајот бил во прекин во двата правца.

Можеби ќе ве интересира

Превезувал огревни дрвја – полицијата привела младо момче

ДЕСК

ДОМ: Претпразнични и предизборни партиски вработувања во инспекторатот за животна средина

C +

СВР Куманово го расчисти случајот со пукањето на семејна веселба во Куманово, кој беше споделен на социјални мрежи, извршен е претрес и приведени се две лица

ДЕСК