24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ пласира демантирани вести, Стоилковски треба јавно да се извини

-ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не можат да понудат ништо освен деструкција, лажни вести и враќање на режимот и затоа преку портпаролот Наум Стоилковски пласираат веќе демантирани вести, реагираат од СДСМ на прес-конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Пласирање на веќе демантирана вест во јавност е безобразно и неетички. Не постои никаква поврзаност меѓу министерот Венко Филипче и наводниот објект.

Доведувањето во врска на Филипче и неговото семејство со сопственоста на овој објект е демантирано повеќе пати како невистинита, тенденциозна и произволна конструкција.

ВМРО-ДПМНЕ тенденциозно прави случај каде што не постои основа и затоа Стоилковски треба јавно да му се Филипче за пласирањето невистини во врска со изградбата на објект, но и со набавките во здравството.

Можноста за какво било влијание врз тендерска постапка од страна на министерот или кое било друго лице од Министерството за здравство е целосно е исклучена, за разлика од времето на ВМРО-ДПМНЕ кога тендерите се доделуваа во партија.

Во недостиг на конкретни идеи и програма, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со конструирани случаи и претпоставки со кои се обидува да ги дискредитира успешните политики на СДСМ во здравството.

Затоа граѓаните на 12 април повторно ќе ги казнат погубните политики на ВМРО-ДПМНЕ и ќе порачаат – режим никогаш повеќе!“ – се вели во реакцијата.