24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Кузеска: Мизрахи да биде разрешена, работи против интересите на граѓаните и го крши Уставот

Прес- конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ – интегрален текст:

 

Техничката министерка за труд и социјална политика од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи вчера го одби предлогот да се зголеми опфатот на стечајни работници кои ќе добиваат месечен надомест до пензионирање.

Се потврди уште еднаш, Мизрахи не работи во интерес на граѓаните. Таа функцијата ја злоупотребува само за партиски цели, за извршување на нарачките на Христијан Мицкоски и Никола Груевски.

Освен функцијата, Мизрахи дури злоупотреби и службено возило во партиски цели.

Мизрахи не го користи својот мандат за да им помогне на граѓаните, за да внимава на спроведување на изборниот процес. Таа, мандатот во техничката влада го користи само за кршење на Уставот, непочитување на Договорот од Преспа со што ги загрозува евроинтеграциите.

За ваквото постапување на Мизрахи мора да има одговорност. Затоа, очекуваме Собранието уште на првата наредна седница да ја разреши Мизрахи од функцијата техничка министерка за труд и социјална политика.

Сите членови на Владата мора да ги почитуваат Уставот и законите и мора да работат во интерес на граѓаните и државата. Мизрахи не прави ништо од тоа.

Граѓаните гледаат дека ВМРО-ДПМНЕ и извршителот на Груевски, Мицкоски работат само на деструкции, блокади и обнова на режимот.

Затоа на изборите на 12 април ќе следува нов пораз на режимот на ВМРО-ДПМНЕ.