24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Избори на 12 април, за нов пораз на режимот, за нов пораз на извршителот Мицкоски и неговиот шеф од Будимпешта

-Избори на 12 април, за нов пораз на режимот, за нов пораз на извршителот Мицкоски и неговиот шеф од Будимпешта, реагираат од СДСМ на соопштението на ВМРО- ДПМНЕ.

„Парламентарни избори на 12 април ќе има а тогаш ќе има и нов пораз на криминалниот режим на ВМРО-ДПМНЕ, нов пораз на извршителот Христијан Мицкоски и неговиот шеф од Будимпешта Никола Груевски.

Мицкоски од белиот дворец на граѓаните им нуди враќање назад, дејствување против Устав, против добрососедските односи, дејствување против интересите на граѓаните и на државата

Понудата на Мицкоски е сведена на блокади, деструкции и обиди за обнова на режимот, кој ја држеше земјата во изолација, скарана со соседите, заглавена во криминал и корупција, со сваровски судство и услови за богатење на поединци на врвот на ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните тоа го гледаат и затоа на 12 април Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги очекува нов убедлив пораз од граѓаните.

На претстојните избори граѓаните уште еднаш ќе ги поразат погубните политики на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ раководено од Будимпешта.

На 12 април граѓаните ќе порачаат – режим никогаш повеќе!“ – се вели во реакцијата.