10. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Здружението на јавните обвинители со осуда за поставувањето експлозив во домот на обвинител во Кичево

Здружението на јавните обвинители изрази осуда во врска со вчерашното поставување експлозивна направа во куќата на јавниот обвинител во Кичево.

„Овој чин освен загрозување на личната сигурност на јавниот обвинител и членовите на неговото семејство претставува сериозна закана и атак врз целата институција и принципот на владеење на правото во нашата држава.

Ваквиот чин не само што нема да го поколеба јавниот обвинител во извршувањето на својата функција, претставува поттик за целата институција за уште подоследно извршување во својата функција и примена на принципот на легалитет на гонење на сторителите на кривични дела.

Осудувајки го овој акт на насилство, изразуваме силна поддршка на нашата колешка да истрае во борбата против криминалитетот.

Истовремено ги повикуваме надлежните органи во чија надлежност е оперативата за откривање на сторителите на кривични дела да преземат соодветни мерки за брзо откривање на сторителот на овој насилнички акт“, се вели во соопштението од Извршниот одбор на Здружението на јавните обвинители./Makfax

Можеби ќе ве интересира

„EXIT“ во Скопје? Што кажа Орце – а што кажува самиот фестивал

C +

Шукова: Ќе го завршам проектот за прочистителна станица во Трубарево време е за зелено Скопје и здрава средина

C +

Филипче во Франција лобира за Македонија: Резолуцијата е гаранција за заштита на националните интереси

C +