27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев на конференција на Прогрес институт: Резултатите на Владата и волјата на граѓаните се потврда дека нашата држава ќе стане дел од ЕУ

„Како партија влегуваме како фаворити на следините избори, а таа позиција ни ја даваат постигнатите резултати за овие две и пол години, но и храброста да носиме важни и големи одлуки за кои не се грижиме дали влијаат на нашиот политички рејтинг затоа што многу поважен е напредокот на државата кон ЕУ. Убеден сум дека социјалдемократите и либералите се опциите кои ќе го европеизираат Балканот. Имаме намера да направиме простор без граници за да можат младите да се движат, да може капиталот да флуктуира, затоа сме посветени на инвестирање во човечки капитал. Она што некои го нарекуваат Мал Шенген, јас го нарекувам забрзано интегрирање кон европското семејство- поентираше Зоран Заев, претседател на СДСМ на конференцијата на Институтот Прогрес, на која учествуваат и европратеници.

Во контекст на залугите на државата кон европското интегрирање, Заев наброја неколку важни резултати кои се потврда на ориентацијата на СДСМ, како што е зголемувањето на БДП за 5.4 отсто, зголемување на минималната плата за 60 отсто, заштитата на ранливите категории граѓани.

„Здружени и единстевни како никогаш, ние ја праќаме пораката до ЕУ дека цврсто стоиме зад реформскиот процес кој веќе е во тек. Пред да ги направиме финалните реформи, ние потпишпавме два договора, еден со Бугарија, и другиот, славниот, со Грција. Покажавме европски манири и станавме пример за атрактивноста на Унијата. Го додадовме зборот „Северна“ во името, за да означиме дека ние припаѓаме територијално на северниот дел, но наспроти тоа изградивме стратешки партнерства во регионот, го заштитивме народот и дома и нашите Македонци во Грција. Преку двата договора оставивме траен белег во европеизација на регионот“- изјави Заев на отворање на работниот панел од конференцијата.

Заев потсети на грешката на ЕУ со недоделувањето датум за преговори, но изрази оптимизам дека тоа наскоро ќе биде надминато и дека нашата држава ќе продолжи по правиот пат создаден од Владата.

„80 отсто од нашите граѓани сакаат да ја видат земјата како дел од европското семејство затоа што ние веруваме во правните системи на Европа, веруваме во еднакви граѓани, во почитување на правата и слободите, а обединета Европа значи и подобрување на односите кон САД и кон Кина. Во време кога Велика Британија се одвојува од ЕУ, ние заедно со Албанија чекаме како добри примери да се приклучиме и да ја донесеме Европа во регионот, а со тоа да им помогнеме и на другите соседи“- заврши Заев.

.