Премиерот Спасовски вечерва за ТВ Телма соопшти дека минималната плата е потреба и дека ја зголемува и мотивацијата и продуктивноста кај работниците.„Во секој извештај постојат позитивни и негативни критики и негативните критики служат за анализа. Јас не се согласувам дека зголемувањето на минималната плата ќе влијае негативно на економијата и тоа не е така, тоа го покажуваат сите показатели. Не може за 8060 денари минимална плата во 2017 година да биде исто со 14500 денари минимална плата сега. Ако отидете да разговарате со вработени во текстилната, кожарска индустрија ќе видите дека навистина тоа е потребно, тоа ја зголемува и мотивацијата и продуктивноста на работниците..“, рече Спасовски вчерва на гостувањето на Топ Тема на ТВ Телма.
„Ако зборуваме за минималната плата, мислам дека и работодавачите разбраа, сфатија дека мора да се подигнат платите за да имаме мотивација и да има поголема продуктивност“, посочи Спасовски. За наводите за стопанственици кои бараат дел од минималната плата работниците да им вратат на рака, тој ги охрабри работиците таквите случаи веднаш да ги пријават.
Сметавме дека мора да дојде прво до зголемување на платите во јавното здравство, доктор на клиника во 2017-та земал 30.000 денари, сега 90 или 100 илјади денари Во врска со зголемувањето на платите во јавното здравство, Оливер Спасовски во гостувањето на Топ Тема на ТВ Телма посочи дека јавното здравство и зголемувањето на платите во овој сектор бил приоритет на оваа влада.
„Ние сметавме дека мора да дојде прво до зголемување на платите во јавното здравство затоа што ниските плати и условите за работа се сосема поразлични отколку било каде во приватните болници или некаде во други држави. Ако имате доктор на клиника којшто земал примања 30.000 денари во 2017 а сега зема 90 или 100.000 мора да признаеме дека тоа не е мало зголемување и во делот на мотивацијата итн.. Во терцијалното здравство скоро сите така земаат во тој дел на платите, секако дека е важен и медицинскиот персонал“, истакна Спасовски