Канадскиот милијардер Лоренс Строл ќе преземе околу 20 проценти од акциите во британски производител на луксузни спортски автомобили „Астон Мартин“ за речиси 263 милиони долари.
Британски производител на автомобили се обидува да собере средства за да ги покрие лошите резултати поради слабата продажба на автомобили. Компанијата планира да собере 500 милиони фунти нудејќи им на поголемите акционери да купат дополнителни акции.
Строл ќе се приклучи на одборот на директори на „Астон Мартин“ како извршен претседател, на местото на Пени Хју, кој ќе си даде оставка./Makfax