17. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Приведен скопјанец за криумчарење мигранти

Четиринаесет мигранти биле откриени во возило на автопатот Гевгелија – Демир Капија, а возачот е приведен.

Според информациите на МВР, вчера во 21.10 часот во близина на паркинг „Милетково“, на автопатот Гевгелија – Демир Капија, бил приведен С.А.(25) од село Студеничани, скопско, кој управувал патничко возило „фолксваген фејтон“, со регистарски ознаки од друго возило, бидејќи при контрола од полициски службеници во возилото биле пронајдени 14 мигранти, од кои 12 од Авганистан и двајца од Сирија.

С.А. и мигрантите се предадени на полициски службеници од СВР Струмица за понатамошна постапка./Makfa

Можеби ќе ве интересира

„Ќе бидеш моја или ќе бидеш мртва“ – Росица сведочела за заканата од Илија кој подоцна ја уби

C +

СДСМ: Шамар за скопјани-ВМРО-ДПМНЕ го наградува виновникот за Дрисла со носител на листа во Скопје

C +

Мицкоски: Идентификувани 20-тина лица поврзани со пожарите

C +