8. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Бесплатна градинка за децата Роми уште во три општини

Во програмата „Инклузија на деца Роми во предучилишното образование“ се вклучуваат и општините Неготино, Струмица и Кавадарци, со што престојот на децата во градинките ќе биде ослободен од партиципација, за децата чии семејства се во социјален ризик, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Над 450 деца Роми се веќе ослободени од плаќање партиципација за посетување градинка, како резултат на заложбите на Владата и Министерството за системско решавање на ова прашање. Ослободувањето го прават локалните самоуправи врз основа на блок-дотaции коишто ќе ги добијат од Министерството за труд и социјална политика.

„Целта на ослободувањето од партиципација е еднаква вклученост на сите деца во предучилишното образование, бидејќи раниот детски развој е многу важен за понатамошниот развој и едукација на секој поединец. Со цел да се обезбеди квалитетeн ран детски развој, изминатите две и пол години континуирано се работеше на јакнење на предучилишното образование. Инвестирано е во вкупно 43 градинки, а истовремено се зголемуваат и професионалните компетенции на воспитувачите, преку различни програми, но и со зголемување на платите. Само во текот на минататa година платите на вработените во градинките се зголемени за 26 проценти“, велат од МТСП.

Можеби ќе ве интересира

Со мопед удрил во паркирано рено, младо момче повредено

ДЕСК

Министерот Тошковски на отворањето на Adria Security Summit 2025: Безбедноста е темел на довербата, развојот и квалитетот на живот

ДЕСК

Филипче: Власта создава економски хаос, над 700 милиони евра долг кон фирмите

ДЕСК