23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Студентки не смеат да одат со кармин на универзитет во Пакистан

На студентките не им е дозволено да одат со кармин на универзитет во Пакистан. Ваква наредба им е издадена на студентките на универзитетот во делот на Кашмир под пакистанска управа.

„Доколку бидат забележани, тие ќе бидат казнети на лице место“, се вели во соопштението од универзитетот Азад Џамуа и Кашмир, додавајќи дека студентките ќе бидат казнети со 100 пакистански рупии (0,6 евра).

Известувањето издадено на 21 јануари предизвика остри реакции. Корисници на социјалните медиуми, студенти и активисти за човекови права соопштија дека со тоа се газат студентските права. На социјалните медиуми, активистите ја осудија мерката како друго ограничување на правата на жените во тој длабоко религиозен и конзервативен регион. Поради реакциите кои ги предизвика, универзитетот со седиште во Музафарабад ја повлече наредбата на 27 јануари./Makfax