24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

„ВМРО-ДПМНЕ го кочи Законот за легализација на бесправно изградени објекти, продолжува да работи против интересите на граѓаните“

Прес-конференција Костадин Ацевски, пратеник на СДСМ – интегрален текст

ВМРО-ДПМНЕ е посветена на кочење на законите што се од интерес на граѓаните.

Со поднесувањето на стотици амандмани, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ оневозможуваат Законот за легализација да се донесе до распуштање на Собранието, со што свесно стопираа легализација на стотина илјади објекти на граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ партијата која носеше Закони за легализација на згради, хациенди и вили на своите партиските функционери за само едно евро, сега им застанува на патот на стотина илјади граѓани преку овој Закон, кој овозможува домовите да бидат во нивната сопственост.

Во недостаток на конструктивни предлози, идеи и решенија, ВМРО-ДПМНЕ нанесува директна штета на граѓаните.

Овој чекор на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ е уште еден во низата којшто покажува дека пратениците на опозицијата работат спротивно на интересите на граѓаните.

Јавноста, граѓаните, го ценат ваквиот однос на ВМРО-ДПМНЕ и затоа на 12 април ќе им испорачаат нов пораз на погубните политики на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.