Десетгодишно дете е тешко повредено синоќа во сообраќајна незгода што се случи на булевар „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ во Скопје.
МВР соопшти дека синоќаво 21,15 часот е пријавено дека на булеварот “Мито Хаџи Василев-Јасмин“ патничко моторно возило “мазда“ со скопски регистарски ознаки управувано од Д.Д.(32) од Скопје удрило во дете пешак на возраст од 10 години. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобило детето, по што било пренесено во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.
Извршен е увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.