24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ прави се да го загрози членството во НАТО

-ВМРО-ДПМНЕ во последниот период упорно повикуваше предвремено да го ратификуваме Протоколот за НАТО затоа што наводно биле загрижени за членството во Алијансата. Но, во пракса, очигледно е дека ВМРО ДПМНЕ е против нашето зачленување во НАТО. Како поинаку да се толкува опструкцијата на Христијан Мицкоски кон Законот за одбрана, кога тоа законско решение е клучно при зачленувањето на државата во НАТО. Ваквата неконзистентната политика на ВМРО ДПМНЕ, едно во теорија, а друго во пракса, го покажува своето мрачно лице, соопшти денеска СДСМ.

„Ова наликува на ситуацијата со Мицкоски кога пред македонските граѓани изјавува дека ќе го поништи Договорот од Преспа или оној со Бугарија, а пред странските политичари уверува дека ги почитува затоа што тие се гарантиори на европската иднина на државата.

Само што сега на домашна сцена, истиот Мицковски е со полна уста за НАТО, а не сака неговите пратеници да гласаат за законите кои се неопходни за членство.

Со ваквото лицемерие ВМРО ДПМНЕ директно наштетува на државата и на интересите на граѓаните, а со одбивањето да го гласа Законот за одбрана го загрозува целиот евроатлански процес.

Република Северна Македонија е на чекор да стане 30-та земја членка на НАТО и тоа е единствената опција да ја осигураме нашата стабилност, безбедност, економија и нашата иднина.

Законот за одбрана е клучен за нашето членство во Алијансата. Овој закон обезбедува воведување на НАТО стандарди во македонската армија, обезбедува колективен систем на одбрана и затоа тој е клучен за нашето зачленување во НАТО. Како одговорна партија која се грижи за иднината нема да отстапиме од носењето на овој закон кој го запечатува нашето членство во Алијансата.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да престанат со политиканството и да го поддржат Законот за одбрана, кој е важен за нашето зачленување во НАТО, но е уште поважен за припадниците на нашата армија.

Граѓаните на 12 април ќе гласаат за интегративни, иновативни и толерантни политики, а не за несериозните политики на ВМРО-ДПМНЕ што ја држеа земјата во криминал и корупција.“ – се вели во соопштението.