24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев: Ги повикувам сите политички субјекти, сите политички партии, сите пратенички групи и претставници на независните пратенички групи да преземат одговорност

-Носењето на Законот за Јавно обвинителство ја гарантира европската иднина на државата. Тоа е европски успех и успех на правната држава. Од страна на високи претставници на ЕУ се повеќе се нагласува потребата за носење на овој Закон и се поврзува со датумот за отпочнување на преговори со Унијата. Сите демократски капацитети во државата и сите демократски сојузници на нашата држава се залагаат за законско решение кое ќе гарантира дека политичарите и политиката ќе бидат настрана од правосудството и дека политичарите нема да бираат обвинители, изјави денеска Зоран Заев, претседател на СДСМ.

„За сите актуелни случаи и предмети без разлика на кого се однесуваат, вклучително и сите предмети и случаи на СЈО мора да се гарантира професионална и ефикасна разрешница.

Беззаконие и криминал мора да бидат соодветно третирани и професионално разоткривани и казнувани. Тоа е можно само со обвинителство ослободено од влијанието на политиката.

Затоа, ги повикувам сите политички субјекти, сите политички партии, сите пратенички групи и претставници на независните пратенички групи да преземат одговорност и да бидат решавачки фактор кога е во прашање правната држава и европската иднина на нашата земја.

Особено, ја повикувам опозицијата да се надмине себеси и со прифаќање на законското решение за јавното обвинителство, да докаже дека е против криминалот и дека е за владеење на правото.“ – рече Заев.