Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Локвенец: Мицкоски и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со блокирањето на Законот за одбрана го кршат Уставот и го кочат членството во НАТО

Прес конференција, Хари Локвенец, пратеник од СДСМ – интегрален текст

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со деструктивните политики кои директно наштетуваат на државата и на интересите на граѓаните на Република Северна Македонија.

Додека во Шпанија во тек е последната ратификација на Протоколот за нашето зачленување во НАТО, ВМРО-ДПМНЕ со одбивањето да гласа за Законот за одбрана го загрозува тој процес.

Република Северна Македонија е на чекор да стане 30. земја членка на НАТО и со тоа да ја осигура својата стабилност, безбедност, економски развој и сигурна и просперитетна иднина.

ВМРО-ДПМНЕ очигледно е против нашето зачленување во НАТО.

Свесното блокирање на Законот за одбрана може да испровоцира ново вето од Грција и со тоа да ја врати државата со децении назад.

Мицковски и неговите пратеници го кршат Уставот и го кочат остварувањето на повеќедецениската стратешка цел – членство на Република Северна Македонија во НАТО.

Законот за одбрана е клучен за нашето членство во Алијансата. Овој закон обезбедува воведување на НАТО стандарди во македонската армија, обезбедува колективен систем на одбрана и затоа тој е клучен за нашето зачленување во НАТО.

Затоа, ги повикувам пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да престанат со ситно политиканство и да го поддржат Законот за одбрана, кој е важен за нашето зачленување во НАТО, но е уште поважен за припадниците на нашата армија.

Деструктивното однесување на ВМРО-ДПМНЕ е одамна прочитано од граѓаните.

Зачленувањето во НАТО и во Европската унија се наша стратешка цел повеќе од 25 години. Граѓаните се определија и ги поддржаа овие политики, наспроти политиките на корупција и заштитата на криминалот кои ги промовираат Мицковски и ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа ќе се потврди на 12 април, кога Мицковски и ВМРО-ДПМНЕ ќе доживеат уште еден пораз.

Граѓаните повторно ќе се определат за стабилна, просперитетна и успешна Република Северна Македонија.

Нашата татковина ќе продолжи напред, нема да дозволиме напредокот да биде блокиран или закочен. Казната за однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ, раководена од Будимпешта, доаѓа на 12 април.

Можеби ќе ве интересира

Претседателот Гаши на средба со претставници на ДИК

ДЕСК

Ако ги направиме уставните измени ќе бидеме најдобри, ќе бидеме шампиони па ќе добиеме ново вето – порача Мицкоски

ДЕСК

Годишна конференција за здравство: „Моќта на навремената акција за здравствен систем што испорачува“

ДЕСК