Вчера попладне бил уапсен малолетникот кој допирал 24- годишна струмицанка среде улица.
Вчера во 14.00 часот, по преземени мерки и активности, во Полициската станица Струмица од слобода бил лишен малолетник од село Просениково, кој на завчера во 22.45 часот физички нападнал полициски службеник кој вршел службени дејствија по претходна пријава од 24-годишна жена дека ја допирал по телото.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Потсетуваме дека во текот на вчерашниот било пријавено дека ден претходно непознато лице среде улица почнало да допира 24- годишна девојка, по што побегнал, а откако полицаец го препознал и се обидел да го уапси тој побегнал, но вчера попладне бил уапсен.