Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози, инфрормира АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Од 30.12.2019 реконструкцијата на мостот на Вардар кај с. Пепелиште на патниот правец Неготино – Лакавица е завршена. Сообраќајот се одвива нормално за сите видови возила.
Од 15.11.2019 година почна законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата. Оваа обврска ќе трае до 15.3.2020 година.