23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Во Центар за една недела казнети 216 непрописно паркирани возачи

Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ (ПОЦ) во соработка со Сообраќајната полиција санкционирале 216 непрописно паркирани возила на територијата на скопската општина во перодот од 8 до 13 јануари годинава.

Со помош на специјалните возила „пајак“ биле отстранети 127 непрописно паркирани возила, а со поставување на „блокатор“ санкционирани се 89 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници за секторот во кој биле паркирани.

За зголемување на сообраќајната култура, ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.