24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Китев: Тимот на Кочовска е составен од луѓе на Груевски, Мицкоски е заглавен во режимската матрица

Прес конференција на СДСМ,Бетиане Китев, пратеник од СДСМ – интегрален текст:

Наместо да работат во функција на спроведување на изборите кадрите на Мицкоски во преодната Влада опструираат и шират невистини.

Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада се остатоци на криминалниот режим на Никола Груевски.

Ова се потврдува и со тимот на дополнителната заменичка министерка за финансии Гордана Димитриеска Кочовска, која за соработници избра кадри блиски до Никола Груевски.

Кочовска во својот кабинет ги ангажирала Благоја Ташаминов, Анита Стамнова и Мишо Николов.

Благоја Ташаминов е човек на Никола Груевски и Ѓорге Иванов.

Во време на најкриминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, Ташаминов бил претседател на Комисијата за јавни набавки, но и близок соработник на Зоран Ставревски.
Тоа е времето кога „немаше за леб“ но се „трошеше за чоколади“.

Токму Ташаминов бил времено згрижен во Агенцијата за разузнавање на Ѓорѓе Иванов.
Анита Стамнова била именувана за член на Управниот одбор на АД ЕЛЕМ иако во Службен весник тоа не и било одобрено.

Како кадар од времето на Груевски, Стамнова порано била заменик-директорка на Државниот завод за статистика, а претходно раководителка на одделението за буџетска координација и буџетска контрола на Дирекцијата за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати.

Кочовска и Стамнова се дојдени во Управниот одбор на АД ЕЛЕМ во времето кога таму директоруваше Христијан Мицкоски, најнеуспешниот директор на ЕЛЕМ сега ЕСМ.

Тоа е време кога струјата поскапи за 100 проценти.

Мишо Николов јавноста многу добро го памети како директор на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.

Додека Николов раководеше со сообраќајното претпријатие, се возеа стари и нееколошки автобуси, а ЈСП градеше панорамско тркало за да ги исполни желбите на Груевски.

Овие кадри се уште една потврда дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е сменето.

Опозициската партија се уште е раководена од криминалецот во бегство Никола Груевски.

Со таква понуда Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе доживеат силен, убедлив пораз на предвремените избори.

На 12 април граѓаните уште еднаш ќе ја поразат груевистичката ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните не забораваат и на 12 април ќе порачаат режим никогаш повеќе.