Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Над 450 деца Роми од семејства во социјален ризик се ослободени од плаќање градинка

Над 450 деца Роми, чии семејства се во социјален ризик, се ослободени од плаќање партиципација за посетување градинка во рамките на блок-дотациите што локалните самоуправи ги добиваат од Министерството за труд и социјална политика.

Почнувајќи од декември 2018, Министерството за труд и социјална политика системски ја решава инклузијата на деца Роми со вклучување на единиците на локалната самоуправа како дел од зацртаните цели од Националната стратегија за Ромите 2014-2020.

Раниот детски развој е основата за понатамошниот развој и едукација на секој поединец и токму затоа МТСП изминатите две и пол години посветено и силно работи на вложување во раниот детски развој. Инвестирано е во 43 градинки, а истовремено се јакнат и професионалните компетенции на воспитувачите преку разни програми, но и со зголемување на платите. Само во текот на минатата година платите на вработените во градинките се зголемени 26 отсто, соопшти Министерство за труд и социјална политика.

Можеби ќе ве интересира

Продолжува поддршката на Американскиот мировен корпус во градење поинклузивна училишна средина и јакнење на јазичните вештини на учениците

ДЕСК

Николоски од Брисел: Земјите на Коридор 10, Македонија, Грција, Србија, Унгарија и Австрија ќе потпишеме Договор за брза пруга 

ДЕСК

Одбележување на Светскиот ден на волонтерството

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.