2. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Серија реакции на новинари по скандалозниот текст на Героски

По скандалозната најава за нова “бомба” за “рекет” и објавувањето на колумна во која се изнесуваат наводни информации, кои подоцна беа демантирани од Вилма Рускоска, а во кои се вмешуваат блиски соработници и луѓе семејството на премиерот Зоран Заев,  Бранко Героски доби критики од новнинарската фела.

Прв со прашање излезе аналитичарот и новинар Сашо Ордановски:
– Геро, извини, за да нема непотребни недоразбирања, го прочитав написот и би те замолил јавно да соопштиш дали сум јас, Сашо Орданоски, тој „познат новинар“ итн. за кого пишуваш? Поздрав, Сашо, му напиша Ордановски на Героски.

Со реакција се јави и Ацо Кабранов кој по колумната на уредникот на плусинфо му порача: Геровски, многу многу ниско и неколегијално од тебе. (Целата реакција на Ацо Кабранов до Бранко Героски тука)

Со реакција излезе и новинарката Јорданка Ивановска – Јоци:

– Браво, Геро. Оркестрирано си влезе на прв ден техничка Влада со ивони,  ивчеви во егзекуции на колеги, просто волшебно, пишува Ивановска.

И те читаат сеа и те кликаат жутозуби некои таму. Објасни и` на јавноста зошто те немаше 3 месеци, а на прв ден техничка се јавуваш со шпекулации и ред небулозни нешта за кои немаш докази. Објасни и` на јавноста дека тоа више не е никакво истражување, дури ни гонзо новинарство, напротив точно има име и се вика кампања, порача Јоци.

Целиот статус во продолжение:

 

 

 

Веста во саботата утрото ја објавија режимските портали

Лажната вест за некакво сведочење и отворање на душата на Боки 13-ка во кој се обвинуваат премиерот и негови блиски соработници, ја објавија медиуми на режимот, а потоа истата беше искористена за постови, реакции, но и прес конференции на режимската опозиција.

Со жестока реакција се јави и владејачката СДСМ, во која се вели дека за лажните вести следува одговорност.

 

 

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите со нови предупредувања, се очекува НЕВРЕМЕ во поголем дел од Македонија со пороен дожд, грмежи, а некаде и град – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Метеж на границите: на Табановце и Богородица се чека по 45 и 30 минути

C +

Арсовска до Ганиу: Сакаше да ги видиш сите 150 небезбедни згради, нема проблем, ќе ги видиш и ти и цела Македонија

C +