На 23.11.2026 во 19:30 часот на ул. „Иљо Антесвки Смок“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар лишиле од слобода 21-годишник и 22-годишник, двајцата од Гостивар, затоа што при преглед во патничко возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, во кое се превезувале, биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка.
По документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.


