Centar.mk
СВЕТ

ПОЛСКА ИСТРАЖУВА ПАД НА НЕПОЗНАТ ОБЈЕКТ – Варшава се сомнева во руска крстосувачка ракета

Полските власти започнаа истрага откако беше пријавен пад на непознат објект во југоисточниот дел на земјата, во близина на границата со Украина. Обвинителството во Лублин потврди дека објект бил пријавен кај селото Нови Липовец, додека надлежните проверуваат и други можни локации.

Полскиот министер за одбрана Владислав Косинјак-Камиш изјави дека меѓу објектите што можеби го нарушиле воздушниот простор се разгледува и можноста за руска крстосувачка ракета од типот Х-101. Тој најави дека Полска ќе побара дополнителна поддршка од НАТО за источното крило на Алијансата.

Полските вооружени сили претходно активирале авијација како превентивна мерка за време на нападите врз Украина. Премиерот соопштил дека непосредната воздушна опасност престанала, но истрагата за потеклото на пријавените објекти продолжува.

Можеби ќе ве интересира

ЖЕСТОК РУСКИ НАПАД ВРЗ УКРАИНА – Зеленски соопшти за 400 дронови, 110 ракети и најмалку осум загинати

ДЕСК

Поранешен американски дипломат: Трамп му испрати ужасна порака на Зеленски

ДЕСК

Макрон: Европа никогаш не ги прекинала контактите со Москва

ДЕСК