СВР Тетово поднесе кривична пријава против 36-годишник од с. Теарце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“.
На 06.08.2026, по претходна расправија, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга, ја избркал од дома и ѝ ја запалил личната карта.


