СВР Скопје поднесе кривична пријава против 30-годишна жена од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 07.11.2026 во просторија за посета во Казнено-поправната установа Затвор Идризово, при претрес на пријавената, која дошла на посета кај брат ѝ, била пронајдена и одземена марихуана.


