Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Стојаноски: За 4 години ќе исплатиме повеќе камати отколку за претходните 7 години на СДС и ДУИ

Фејсбук статус на Бојан Стојаноски од ВМРО ДПМНЕ:

Каматите на државниот долг-се поголем товар за Буџетот!

Таа е тезата која опозицијата ја шири на расправата за Буџетот за 2027 година.
И така е. Но да ги видиме бројките.

Бројките кажуваат се !

2017–2023 (7 години СДСМ – ДУИ): 1,03 милијарди евра за камати – од претходни влади.

2024–2027 (4 години ВМРО – ДПМНЕ): 1,36 милијарди евра за камати, според реализацијата и буџетските планови – од претходни влади.

За само 4 години, 32% повеќе камати отколку во претходните 7 години !

Само во 2027 година, државата има предвидено обврски од 405 милиони евра за камати- 62 милиони евра повеќе од 2026 година, што е еквивалентно на 55,4% од планираниот буџетски дефицит !

И ова се само каматите. Без отплата на главнината !

Затоа, кога зборуваме за државниот долг, не зборуваме само за бројки, туку за товарот врз буџетот и средствата што треба граѓаните да ги вратат – бидејќи некој некогаш ги земал, а за жал – не направил ништо.

Можеби ќе ве интересира

Станковиќ: Владата обезбедува средства за пензии, плати, социјална помош и инвестиции, со фокус на развојот на економијата

ДЕСК

Нема пари, 51 милион евра не се префрлени во вториот столб – велат од СДСМ

ДЕСК

АЛАРМАНТНИ НАОДИ ЗА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО – Од 42 предвидени ИТ-работни места биле пополнети само седум

ДЕСК