На 18.11.2026 во 22:45 часот во ОВР Гостивар, 44-годишник од с. Долна Бањица, гостиварско, пријави дека околу 21:10 часот пред угостителски објект во селото, по претходни меѓусебни недоразбирања, бил физички нападнат од неговиот сосед, при што удрил во стаклото од излогот на објектот и го оштетил.
Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.


