Centar.mk
фото Министерство за образование и наука
-МАКЕДОНИЈА

Институтот за историја при Филозофскиот факултет одбележува 80 години постоење

Со организација на меѓународна научна конференција „Од национални приказни до испреплетени истории“, Институтот за историја при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје го одбележува своето осум децениско постоење.

На конференцијата се обрати министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска која упати честитки до раководството и вработените, посочувајќи дека низ установата поминале многу генерации професори, истражувачи и студенти кои оставиле траен белег во нашата академска и општествена заедница. Како што рече, нивниот труд е придонес кон проучувањето, документирањето и афирмирањето на историското наследство, но и кон неговото пренесување на новите генерации.

„Денес, во време на брз проток на информации, различни толкувања на историските настани и сè почести обиди за релативизирање на историските факти, улогата на историчарите е особено значајна. Одговорноста на научната заедница е преку аргументирани истражувања, научна објективност и критички пристап да ги утврдува и афирмира историските вистини. Само така можеме да изградиме општество кое ја познава сопствената историја, ги почитува фактите и знае да учи од минатото“, рече Јаневска.

Изрази уверување дека Министерството за образование и наука останува посветено на унапредување на високото образование и научноистражувачката дејност, на создавање подобри услови за работа на академската заедница и на поттикнување на младите истражувачи.

„Институтот за историја ќе ја има секогаш нашата поддршка и верувам дека во наредните децении ќе продолжи да биде значаен центар на знаење, научна мисла и образување квалитетни кадри, со нови истражувања и достигнувања кои ќе ја збогатуваат македонската историографија и ќе ја афирмираат во меѓународни рамки“, додаде министерката.

фото Министерство за образование и наука

Можеби ќе ве интересира

Беким Сали – Кристоф Камп: Правата на заедниците и меѓуетничката кохезија се суштински дел од европската интеграција

ДЕСК

Лефков: Обвинувањата на Филипче за криминал и сомнителни трансфери не се потврдија, депозитите на штедачите се заштитени

ДЕСК

Ѓорѓиевски: Зборот е збор – започна реконструкцијата на крак 38 на улицата „Македонско-косовска бригада“ во Шуто Оризари

ДЕСК