Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против 54-годишник од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „неизвршување на судска одлука“.
На 15.11.2026 во семејниот дом во Свети Николе, по претходна расправија, пријавениот упатил закани кон неговите сопруга и ќерка, со што постапил спротивно на изреченото решение на Основниот суд во Свети Николе, со кое му се забранува да се заканува и да ги малтретира и вознемирува.


