На 17.11.2026 во 15:30 часот во СВР Тетово, 32-годишен жител на тетовско Ѓермо, вработен во Јавната установа – Национален парк „Шар Планина“, пријави дека околу 11:50 часот, додека вршел контрола на подрачјето меѓу селата Порој и Џепчиште, забележал лице со пушка, кое му упатило закани и побегнало.
Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.


