На 17.11.2026 во 12:46 часот во СВР Битола е пријавено дека во атарот на с. Беловодица, прилепско, настанал пожар во куќа, сопственост на 72-годишен жител на с. Беловодица.
Биле зафатени кровната конструкција и покуќнината, а пожарот сам се изгаснал.
Повредени лица нема, а увид извршила увидна екипа на СВР Битола.


