На 17.11.2026 во 16:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари настанал пожар во куќа, сопственост на 61-годишен жител на Скопје, при што изгорела разновидна стока.
Повредени лица нема, а екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот.
Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото.


