Centar.mk
РЕГИОН

НОВА БИТКА ВО СРПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ – Студентската листа и опозицијата со различни кандидати за претседател

Во Народното собрание на Србија денеска продолжува конститутивната седница на новиот парламентарен состав. По вчерашната верификација на пратеничките мандати и положувањето заклетва, на дневен ред е расправата за изборот на претседател на Собранието.

Пратеничката група на Студентската листа, која го има парламентарното мнозинство, го предложи Александар Чупиќ, доцент на Сообраќајниот факултет во Белград. Од опозициската Српска напредна партија е предложен математичарот Стојан Раденовиќ, кој како најстар пратеник претседава со конститутивната седница.

По изборот на собраниското раководство ќе следува конституирањето на работните тела и другите парламентарни структури. Денешната седница е важен чекор во воспоставувањето на институциите по изборите во Србија.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАНЕШНИОТ БУГАРСКИ ПРЕМИЕР СО ПОРАКА ДО СОФИЈА И СКОПЈЕ – Историјата на историчарите, Македонија во ЕУ

ДЕСК

ЕДИ РАМА СО ЈАСНА ПОРАКА ДО МАКЕДОНИЈА – Бугарите треба да влезат во Уставот, вели албанскиот премиер

ДЕСК

Народната банка на Србија ѝ ја одзеде дозволата за работа на „Алта лизинг“, следува ликвидација

ДЕСК